ЖКК Струга 2009 загуби од Вардар, следен викенд играат во Кавадарци

- Локални, Спорт
523

Во рамките на 10-то коло од Прва А лига во женска конкуренција, екипата на ЖКК Струга 2009 загуби од екипата на Вардар сп резултат 60:73 , по четвртини (13:26;16:11;15:17;16:19). Најдобри во нашата екипа беа Шеќероска со 15 поени и 5 скокови, Томпсон 13 поени и 12 скокови, Стојановска 8 поени и 9 скокови, Устијанова 10 поени, Џутеска 6 поени, 4 асистенции и Зендели со 5 поени.

Најдобра во редовите на Вардар беше Накова со 28 поени 4 скокови и 8 асистенции.

,, На натпреварот во првиот дел што го игравме во Скопје загубивме во неизвесна завршина со 2 поени разлика , тој податок кај нас направи голем притисок дека мораме да направиме 3 разлика и да го заземеме третото место на табелата. Таа ситуација ни донесе многу лош почеток на натпреварот, не го издржавме притисокот , бевме многу нервозни па така произлезе и лош шут и поразот беше неминовен. Одиме понатаму, уште не е помината ниту половина лига. Ќе се обидеме од овој пораз да извлечеме поуки и да излеземе уште посилни,, – изјави за Strugaonline тренерот на ЖКК Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ.

Следниот викенд струшките кошаркарки на гостински терен во Кавадарци играат со Пробаскет , потоа следува пауза од осум дена , а потоа се враќаат на тренинзи.

Facebook Коментари