ЖКК ,,Струга 2009“ започна со подготовки за претстојната сезона 2020/2021.
Тренинзите започнаа на стадионот ФК Караорман со тренерот Владимир Ѓоровиќ и Коста Хиохи тренер за физичка подготовка.
,,Нашата цел е со овој млад тим да се обидеме да влеземе меѓу првите четири екипи во сениорска конкуренција, а во младинските селекции да освоиме медал.,, – вели за Strugaonline тренерот Владимир Ѓоровиќ.
Поради пандемијата со ковид 19 датумот за почеток на оваа сезона и начинот на натпреварување се’уште не се утврдени.
Strugaonline
Facebook Коментари