ЖРК Стружанка на спортско-хуманитарен дуел со ЖРК Металург во Струга

- Локални, Спорт
951

Утре со почеток во 13:30 часот ЖРК Стружанка на домашен терен, во спортската сала „Нико Нестор“ ќе ја пречека екипата на ЖРК „Металург“.

Домаќините одлучија овој меч да има и хуманитарен карактер на кој ќе може да се донираат средства за лекување на Сара Настеска од Охрид и Зоран Перески од с.Ложани, Струга. Ќе бидат поставени кутии за донација кој колку може да донира. Се повикуваат сите љубители на ракометот да прусуствуваат на овој натпревар.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари