Денеска е Национален ден на Власите

- Македонија
71

Со одлука на Лигата на Власите и другите влашки граѓански здруженија, во 1991 година 23-ти мај е прогласен за Национален ден на Власите од целиот свет.

На тој датум во 1905 година, со посебен документ (Ираде) на султанот Абдул Хамид Втори, влашкиот народ бил признат како посебен народ со право на богослужба на влашки јазик, право на образование на мајчин јазик во нивните училишта, со право да избираат муфтии, така како што налагале законите на Отоманската Империја.

Власите важат за еден од најстарите народи на Балканот со свој јазик, култура и традиција. На овие простори живеат повеќе од два милениуми, и тоа најмногу во околината на планината Пинд, областа Епир и Тесалија и во источните делови на Албанија. На овој датум Власите биле признати за посебен народ во Отоманското Царство.

Со Законот за празници од 2007 година 23-ти мај , национален ден на власите е државен празник и неработен ден за припадниците на влашката заедница.

Strugaonline

Facebook Коментари