„Еко- свест“ објави фото конкурс на тема „Природата E Секси“

- Македонија
1160

Како дел од своите активности ова лето, а со цел визуелно да биде презентирана убавината и вредноста на природата во нашата земја, како и да се поттикне свеста дека природата вреди да се зачува, Еко- свест објавува фото конкурс на тема „Природата Е Секси“

На конкурсот треба да се испратат фотографии кои ќе покажат дека нашата природа е убава, забавна и уникатна. Креативни фотографии кои од единствениот биодиверзитет и видови во земјата ќе направат приказна.
Кандидатите, своите фтографии треба да ги испратат на маил адресата – [email protected] најдоцна до 10 јули 2017.
Од пристигнатите фотографии, 10 ќе бидат наградени со пакетчиња од Еко-свест, а сите фотографии ќе бидат изложени на „Природата Е Секси“- неделата на еко-активности во хотел Метропол, Охрид во организација на Еко-свест кој ќе се одржи на крајот на јули.
 Право на учество имаат сите заинтересирани.Не е дозволена дигитална манипулација на фотографиите
Сите пријавени фотографии е задолжително да бидат авторски и со нивното испраќање се согласувате Еко-свест да ги користи за секакви потреби (публикации, промотивни/инфо материјали) со јасно наведено име и презиме на авторот.
 Не се прифаќаат фотографии преземени од интернет или стекнати со прекршување на нечие право на интелектуална сопственост. Сите кои ќе пријават ваков тип на фотографии ќе бидат автоматски дисквалификувани.
 Фотографиите се објавуваат на Instagram, Facebook или Twitter со користење на (хаштаг) #ПриродатаЕСекси #NatureIsSexy и на [email protected] (испраќање на фотографиите на посочената маил адреса е задолжително).
 Фото конкурсот трае од 19 јуни 2017 до 10 јули 2017 во 24:00 (полноќ).
 Секој има право да учествува со неограничен број фотографии.
Извор: Еко-свест/Strugaonline
Фото: Еко – свест

Facebook Коментари