И оваа година меморијален турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески

- Македонија, Спорт
700

По јубилеен 10-ти пат се организира Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на нашата музичка легенда Тоше Проески. Оваа година турнирот е проширен со 8 екипи, ќе трае два дена ( 19-ти и 20-ти јануари) и има меѓународен карактер. Турнирот ќе се одржи во СЦ „Форца“ во Скопје
„Да продолжиме да го негуваме споменот на Човекот кој беше и сеуште е најдобриот амбасадор на нашата држава. Да дадеме поддршка на екипите од трибините.“ – велат организаторите.

Strugaonline

Facebook Коментари