Македонија почна победнички во Лигата на Нации

- Македонија, Спорт
605

Македонската фудбалска репрезентација со победа го започна своето учество во Лигата на Нации, совладувајќи ја екипата на Гибралтар со резултат 2:0. Нашите фудбалери доминираа од почетокот на овој натпревар, а прв мрежата на противникот ја затресе Иван Тричкоски во 19-та минута. Овој гол и посакуваното водство на нашите фудбалери им даде дополнителен мотив за добра игра, така,  десет минути пред крај на првот дел, Езџан Алиоски го постигна вториот гол за репрезентацијата на Македонија.

Во вториот дел Македонија не дозволи промена на резултатот, односно противникот не успеа ниту да се доближи резултатски. Македонската фудбалска репрезентација сега има три бода на табелата во својата група.

Во втората рунда Македонија на Националната арена „Филип Втори“ ќе ги пречека фудбалерите на Ерменија кои со 2-1 славеа над Лихтештајн во премиерното прво коло од Лигата на Нации.

Strugaonline

Фото: архива

 

Facebook Коментари