МТСП: Децата во градинките ќе се згрижуваат во текот на денот согласно со потребите на родителите

- Македонија
1068

Министерството за труд и социјлана политика преку соопштение за јавноста информира, односно укажува дека децата во градинките низ Македонија,  во текот на денот ќе бидат згрижувани во согласност со потребите на родителите. Од МТСП исто така апелираат до вработените и директорите на јавните установи за деца/детските градинки да не ги манипулираат родителите и да не ги ограничуваат со стриктно временско згрижување на децата.  Во соопштението се вели:

– Во врска со информациите коишто стигнуваат до Министерството за труд и социјална политика дека во одредени јавни установи за деца/детски градинки се вршат анкети во кои родителите се анкетираат дали нивното дете ќе посетува прва или втора смена од 7:00 до 14:30 или од 14:30 до 21:30, УКАЖУВАМЕ дека:

Наведеното работно време се однесува само на вработените во установите кои треба да ја применат Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа, а не и на времето за престој на децата во јавни установи за деца/детски градинки .

Децата ќе се згрижуваат во текот на денот согласно со потребите на родителите.

Двосменското работење подразбира дека опфатот и згружавањето на децата во јавните установи за деца/детските градинки ќе биде како и до сега од 5:30 часот наутро до 22:00 часот навечер, како и во првата сабота во месецот.

Апелираме до вработените и директорите на јавните установи за деца/детските градинки да не ги манипулираат родителите и да не ги ограничуваат со стриктно временско згрижување на децата!

Директорите се задолжени од страна на МТСП да ја спроведат Одлуката на Владата на РМ и согласно истата и потребите на родителите да го организираат работењето на установата.

Извор:Strugaonline/МТСП

Facebook Коментари