Време: Сончево со умерена облачност – температура од 6 до 13 степени

- Македонија
619

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. . Дневната температура ќе се движи во интервал од 6 до 13 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, по котлините и по речните долини со појава на магла и ниска облачност. Во следните два дена утринските температури ќе бидат пониски, а за време на викендот температурите преку денот и особено на југоисток ќе достигнуваат и до 15 степени, со исклучок на местата каде ќе има појава на магла.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари