Забрана за тешки товарни возила на Стража, Ѓавато и кон Ќафасан

- Македонија
923

Од АМСМ информираат дека е на сила забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци: крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку Стража, Дебар-Струга, Струга-г.п. Ќафасан и на планинскиот премин Ѓавато.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од кашест снег. Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.

извор: АМСМ

фото: архива

Facebook Коментари