Белград на американска листа за највозбудливи дестинации за 2017

- Свет
811

Престижниот американски магазин за патувања  Condé Nast Traveler, Белград (главниот град на Србија) го постави на првото место на листата највозбудливи дестинации кои треба да се посетат во 2017 година.

Тоа се места кои сега ги посетуваат најголемите авантуристи – пишува CN Traveler, мотивирајќи ги своите читатели да ги посетат пред сите други.

Белград е опишан како „брз“ балкански град со одличен ноќен живот. Град со богата уметничка и дизајнерска сцена. Во текстот се споменува дека и покрај тоа што затворениот Музеј на современа уметност „собира прашина“, во градот постојат многу галерии и Музеи во кои може да се види уметност во најсофистицирана смисла.

CN Traveler на своите читатели им препорачува да прошетаат по Београдската тврдина, и да ја согледаат долгата и истрајна историја на градот кој живее 24 часа. На листата, освен Белград високо котираат и Дакар (Сенегал), Баку (Азербејџан), Степанчиминда (Кавказ, Грузија).

Facebook Коментари