Обама протера 35 руски дипломати, Русија најави соодветна реакција

- Свет
631

 

sad-rusija-1

Русија се закани дека ќе одговори соодветно на последниот потег на администрацијата на претседателот Барак Обама која протера 35 дипломати од Вашингтон и затвори два објекта на разузнавачите од Русија.

Кремљ предупреди – реакцијата ќе им предизвика непријатна неизвесност на Американците. Најавија дека за тоа веројатно ќе ја почекаат инаугурацијата на Доналд Трамп, кој категорично ги отфрлаше обвинувањата за руско хакирање на изборниот систем.

Односите меѓу двете земји и така беа влошени поради наводното мешање на Москва во последните претседателски избори во САД.

Facebook Коментари