Ова е земја од соништата – нема корупција, долго се живее и образованието е бесплатно

- Свет
971

Според извештајот на Обединетите нации Норвешка е најсреќната земја на светот. На пиедесталот оваа земја ја ставаат довербата на населението во владата, општествената поддршка и долгиот живот.

За извештајот на најсреќните нации се анализираат неколку фактори, меѓу кои е и БДП, просечниот животен век и слобода. Според одговорите на своите жители, Норвешка е прва од 156 земји кои учествувале во анализата.Просечниот животен век во Норвешка е 80 години, политичката корупција е ретка а БДП изнесува преку 56 500 евра по жител. Образованието е бесплатно, а оваа земја има и најголем процент на писменост на своите возрасни жители во светот.

Стратегијата и грижа за луѓето е видлива на секој чекор. Норвешка е една од државите најбогати со нафта, но и тука работите се одвиваат со светските трендови. пишува  Блумберг.

Facebook Коментари