Истражување: Одењето на работа со велосипед е превенција од карцином и срцеви болести

- Здравје
1193

Најновото британско истражување покажува дека одењето со велосипед на работа двојно го намалува ризикот од карцином и срцеви болести.

Студијата била спроведена во период од пет години, а во неа учествувале  околу 250.000 Британци, меѓудругото нејзните резултати покажале дека и одењето има одредени предности во однос на седењето во јавниот превоз или возењето автомобил.

Истражувачите истакнуваат дека возењето велосипед престанува да биде прашање на волја тој момент кога ќе стане дел од работната рутина. Студијата ги споредува луѓето, кои биле активни и тие кои седеле кога оделе на работа.

Вкупно 2.430 испитаници починале, 3,478 се разболеле од рак и 1.110 имале срцеви проблеми.

Меѓутоа, студијата покажала дека редовното возење велосипед го намалува ризикот од смрт од која било причина за 41 отсто, ризикот од рак за 45 отсто и ризикот од срцеви болести за 46 отсто.

Испитаниците во просек возеле околу 45 километри неделно, а колку повеќе користеле велосипед, толку станувале  поздрави. И пешачењето го намалува ризикот од срцеви болести, но само ако луѓето одат над девет километри неделно.

Здравствени предности оствариле и тие кои го комбинирале јавниот превоз и возењето велосипед, стои во студијата објавена во списанието „Бритиш Медикал Џурнал“.

Facebook Коментари