Охриѓанец кривично ќе одговара поради давање лажен исказ

- Хроника
851

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „давање лажен исказ“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Д.(34) од Охрид.

Пријавениот, на 22 февруари оваа година во Отсекот за  управни работи при СВР-Охрид, во управна постапка дал лажен исказ дека неговата македонската возачка дозвола издадена од СВР Охрид во текот на 2011, со рок на важност до 2021 година, ја изгубил. Тоа свесно го направил иако знаел дека, македонската возачка дозвола како јавна исправа, претходно ја употребил во Република Бугарија за нејзина замена со бугарска возачка дозвола. Врз основа на овој негов писмен исказ даден во управната постапка во СВР Охрид била заснована одлуката на овој државен орган донесена во текот на март оваа година, на сега пријавениот  да му се издаде нова македонска возачка дозвола.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари