Во сообраќајка загина поранешниот претседател на СРД Зоран Стефановски

- Хроника
942

Поранешниот претседател на Советот за радиодифузија, Зоран Стефановски загина во тешка сообраќајна несреќа која што се случила во 1 часот по полноќ во Скопје.

Според првичните информации, до несреќата дошло кога Стефановски, кој што се враќал од Илинден по булеварот Никола Карев со својот автомобил излетал од патот и удрил во рекламен билборд.

Тој бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде што била констатирана смрт.

Зоран Стефановски од 2007 до 2012 година беше претседател на Советот за радиодифузија.

Извор: a1on

Facebook Коментари