Шон Мендес блесна на доделувањето на ЕМ-ТИ-ВИ музичките награди со четири освоени статуетки

- Музика
1266

Вчера се одржа доделувањето на Ем-ти-ви музичките награди во арената „Вембли“ во Лондон, а апсолутен победник и најголема sвезда на вечерта  беше канадскиот пејач Шон Мендес.

Номиниран во пет категории, Шон Мендес освои четири статуетки, во категориите изведувач со најголем број фанови, најдобра песна за „There’s Nothing Holding Me Back“, најдобар пејач и најдобра канадска изведба.

Водителка на настанот беше Рита Ора која освен што беше домаќин на големото шоу, имаше и свој музички настап.

Ова се дел од победниците. Целосната листа можете да ја погледнете на следниов линк

Изведувач со најмногу фанови – Шон Мендес
Најдобар хипхоп-изведувач – Еминем
Најдобро видео – Кендрик Ламар, „Humble“
Најдобра алтернативна група – „30 Seconds To Mars“
Најдобар поп-изведувач – Камила Кабело
Најдобра песна – Шон Мендес, „There’s Nothing Holding Me Back“
Откритие на годината – Дуо Липа
Најдобар изведувач во живо – Ед Ширан
Најдобар пејач – Шон Мендес
Најдобра рок група – „Coldplay“

Најголемо изненадување на овогодинешното доделување на ЕМ-ТИ-ВИ музичките награди е тоа што Тејлор Сфивт не успеа да добие ниту една награда, а беше номинирана во шест категории.

 

Facebook Коментари