ИЗБОР ПЕСНИ ОД ПОЕЗИЈАТА НА ПЕТКО ШИПИНКАРОВСКИ ОБЈАВЕНИ ВО РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

- Локални
1301

 Во големо-тиражниот весник,  „НАЦИОНАЛ“, што излегува во Тирана – Република Албанија,бр. 429, 19-27 ноември, 2017, чиј главен и одговорен уредник е албанскиот публицист, поет и писател Мујо Бучпапај, на стр. 22, објавени се 9 (девет)песни на македонскиот поет Петко Шипинкаровски, одбрани од најновата збирка „Никулци во утрините“(2017) .

Избор и препев на песните од македонски на албански направи македонскиот поет и публицист, Мустафа Спахиу.

Петко Шипинкаровски е писател, поет, сатиричар, есеист, драмски автор, литературен критичар, публицист и преведувач. Автор е на повеќе од триесетина книжевни дела, главен и одговорен уредник е на Ревијата за книжевност „Бранувања“ што се објавува во Струга и организатор на манифестацијата „Струшки книжевни средби“.  Член е на друштвото на писателите на Македонија, член е на Македонското научно друштво од Битола, надворешен член е на Сојузот на независни писатели на Бугарија и член на поетското движење „Поетас дел Мундо“, Буенос Аирес – Аргентина.

Шипинкаровски, добитник е на голем број награди и признанија во Македонија и странство. Преведен и препеан е на повеќе светски јазици.

Strugaonline

Facebook Коментари