Ракометниот турнир во Струга во август ќе донесе квалитетни екипи

- Локални, Спорт
969

Oткако Наумче Мојсоски беше поставен за нов претседалет на РК Струга дојде и до до враќање на организацијата на струшкиот турнир кај тимот кој има долга традиција во ракометот во Македонија.

Од ова лето турнирот одново ќе биде силен, а веќе се најавени доаѓања на неколку екипи од странство. Датумот на одигрување на турнирот останува во втората половина на август, а наскоро ќе се знаат и деталите.

Според досегашните информации, на турнирот ќе има осум екипи меѓу кои се: Вардар, Целје од Словенија, најавено е доаѓањето на Копер, односно тимот на Веселин Вујович, од Унгарија во опција се две екипи летово во Струга, составите на Пик Сегед и Татабања. На турнирот ќе учествува и домаќинот РК Струга. Се’уште не е потврдено учеството на Металург и Е. Работник.

Сосема е извесно дека турнирот ќе има меѓународен карактер и ќе послужи како веродостојна проверка на квалитетите на клубовите-учесници пред новата сезона.

 

Извор: 24rakomet

фото: Strugaonline архива

 

Facebook Коментари