Три победи и три порази за пионерките на ЖРК Стружанка во оваа полусезона

- Локални, Спорт
793

Пионерките на ЖРК Стружанка на последниот, шести, наптревар од оваа полузесона одигран пред два дена  забележаа пораз на домашен терен од екипата на Металург 1 од Скопје.

Нашите ракометарки  загубија со резулат од 13:19 (7:9)  во неизвесен натпревар.  Тие успеаа на фаворитот од Скопје да му донесат многу главоболки пружејќи му отпор во целиот натпревар.

Со овој пораз пионерките одат  на зимски одмор каде што оваа полусезона успеаа да остварат три победи и три порази.

Стрелци на последниот натпревар од оваа полусезона за ЖРК Стружанка се:

  1. Миладиноска Маријана 5 погодоци
  2. Марија Петреска 4 погодоци
  3. Ѓоршулеска Роберта 2 погодоци
  4. Затуроска Бојана 1 погодок
  5. Голабоска Марија 1 погодок.

Извор и фото: ЖРК Стружанка

Strugaonline

Facebook Коментари