Анита Ангеловска Бежоска е нов гувернер на НБРМ

- Македонија
827

Собранието на Република Македонија  ја именуваше д-р Анита Ангеловска Бежоска за гувернер на Народната банка на Република Македонија (НБРМ). За неа гласаа 81 пратеник, без ниту еден воздржан и без ниту еден против.

Бежоска е првата жена гурернер на НБРМ , а во нејзината биографија меѓудругото стои дека Бежоска веќе осум години е вицегувернер во НБРМ, задолжена за областите монетарна политика, истражување и статистика. Од 2004 до 2010 година таа била главен економист во Народната банка, а била и ангажирана во Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон. Таа има богато искуство со работа во Министерството за финансии на Република Македонија, каде работела на повеќе позиции.

Ангеловска- Бежоска е дипломиран економист, на Економскиот факултет во Скопје дипломирала во 1994 година, а била и еден од тројцата најдобри студенти во генерацијата со просел 9,4 на насоката маркетинг и надворешна трговија.

Со просек 9,3 во 1997 Ангеловска- Бежоска ги завршува постдипломските студии. Со титула доктор на науки во 2015 година се стекнала на Економскиот факултет во Љубљана, а темата на нејзината докторска дисертација била „Координација на монетарната и фискалната политика во Република Македонија“.

Мандатот на гувернерот на НБРМ трае седум години.

Strugaonine/НБРМ

фото: архива

Facebook Коментари