Денеска започна Рамазанскиот пост

- Македонија
162

Утринава во 03:10 минути за припадниците од муслиманска вероисповед  започна светиот месец Рамазан – месец на интензивни молитви и пост од изгрејсонце до зајдисонце.

Рамазан Бајрам е  еден од двата најзначајни муслимански празници. Во наредните триесет дена, верниците ќе постат секој ден од изгревањето до заоѓање на Сонцето.

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Целта на постот е богобојазливоста која во себе вклучува свест за Алах и правење добри дела. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Во постот се поштедени болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

По повод започнување на постот, синоќа на сите припадници од муслиманска вероисповед  им се обрати градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамиз Мерко

Почитувани муслимански верници,

Во пресрет на Рамазан, месец кој симболизира жртва, побожност, милосрдие, богослужба и милост, ми претставува чест да им посакам на сите граѓани и сонародници на исламската вера во име на општина Струга и во мое лично име, убав дочек на овој свет месец. Овој благословен месец може да ни послужи да одразуваме мир, толеранција и меѓусебно почитување, солидарност и добротворство.“ – напиша Мерко во честитката.

Strugaonline

Facebook Коментари