Македонија го одбележува 11-ти октомври

- Македонија
923

Република Македонија денеска одбележува 76 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.

Почетокот на востанието беше означен на 11 Октомври 1941 година, кога  борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп. Македонскиот народ се крена против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво односно против фашизмот.

Празникот 11 Октомври  претставува своевидно продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

 

Facebook Коментари