Ова се неработните денови за оваа недела од мај

- Македонија
703

Оваа седмица нуди низа неработни денови кои ќе се спојат со викендот и овозможува да си организирате вистински одмор.

На 24 мај (четврток)  нема да се работи за Кирил и Методиј (Ден на сесловенските просветители) а во петок, на 25 мај, нема да се работи затоа што се одбележува Духовден, што е уште еден продолжен викенд, односно вклучувајќи го  и четврток се добиваат четири неработни денови. На 23 мај пак е Национален ден на Власите

За сите граѓани

• 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

За граѓаните од православна вероисповед
• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (среда), Национален ден на Власите.

Strugaonline

Facebook Коментари