Зијадин Села: Ме удираа со монитор, копје од знаме и даски

- Македонија
841

Пратеникот Зијадин Села денеска пред судот изјави дека за време на насилствата во Собранието бил удиран во главата со монитор, копје од знаме и со даска.

Во сведочењето на денешото рочиште за обидот за убиство, на кое присуствуваат и десетимата обвинети тој рече дека бил зашеметен и дезориентиран, поради што не се сеќава на дел од настаните на 27-ми април.

Тој додаде дека за време на нападот постојано со камера го снимала новинарка која зборувала со еден од напаѓачите, кој пак носел фантомка на главата. Од нејзината снимка, рече тој, би можел да се види целиот напад.

Села истакна дека пред да бида нападнат добил директни закани за неговиот живот. Како што рече тој слушнал како некој извикува: „Еве го Села, каде ќе одиш, ќе те убиеме“.

-Последниот момент што го паметам е како паднав на колена и тогаш почнаа да ме удираат по глава и насекаде по телото. Пред да паднам, човек со кожно елече и со очила на главата рече „Еве го Села, ајде!“ , рече Села., a објави НОВА ТВ

Тој  рече дека не ги познава луѓето кои го нападнале. Пред него како жив штит стоеле пратениците Сурија Рушити од Алијансата за Албанците и Реџаил Исмаили од ДУИ. Во еден момент се повлекле и го оставиле сам очи во очи со насилниците. Тогаш Села добил удари со тупаници и клоци.

На прашањето на обвинителот, дали некој се обидел да го одбрани, Села рече:

-Кога ги добив ударите од мониторот, копјето и даската без зашеметен и дезориентиран и не се сеќавам на се. Кога се повлекоа пратениците останав сам без одбрана, обезбедувањето се обидуваше да го одбрани Заев. Никој во толпата не се обиде да ми помогне мене. Ако ми помогнеше некој тогаш, ќе бев испратен со цвеќиња и аплауз,а не со тешки повреди, рече Села во сведочењето.

Притoа нагласи дека изгубил свест и се разбудил во болница.

– Се освестив во соба 334 во Собранието. Собата беше темна, а јас бев под бирото. Абдул Фета, вработен во собрание беше со мене и ми се претстави, а со него беше и друго лице. Фета ми кажа дека телефонот постојано ми звони и го земав и се јавив на сопругата и и кажав дека сум жив. Тогаш влегоа полицајци во цивилка. Ми облекоа дуксер и ми дадоа полициска значка, буквално ме маскираа. Ме изнесуваа викајќи повреден полицаец, повреден полицаец, рече Села.

Неговото сведочење е во тек.

Извор: Нова тв

фото: архива

Facebook Коментари