Jордан Манов во нераскинлива врска и љубов со тапаните – кога музиката е составен дел од животот

- Забава, Музика
2202

Во рубриката „Мојот избор“ која се емитува во склоп на емисијата „Слушај плеј во 2“  наш гостин беше тапанарот Јордан Минов.

Јордан Манов е роден во Кочани, Македонија. Љубовта кон музиката се појавува уште од мали нозе. Првиот контакт со тапаните го има на 12 годишна возраст и воедно тоа е почеток на една голема љубов и нераскинлива врска. За краток временски период ја формира група „Игуана“ и започнуваат неговите настапи во ноќните клубови, за почеток во родниот град, а набрзо и во останатите градови во државава. Музичкото образовние го започнува во ДМУЦ Сергеј Михајлов во Штип. Потоа своите студии продолжува на академијата за поп и џез музика Панчо Владигеров во Софија, каде дипломира на смер ударни инструменти.  Во 2008 година се формира бендот „Shine“ кој постои на нашиве простори веќе девет  години и се добро познати на македонската публика, поставувајки нови стандарди за „лајв перформанс“ во нокниот живот. Зад себе бројат многубројни настапи, како во нашата држава така и надвор од неа. Имаат четири  авторски композии и продолжуваат со успешната работа и соработка, додавајки посебен шмек на добрата забава и нокниот живот. Од повеќето награди и настапи како позачанји би ги издвоиле: 2003 година награда за најдобар соло концерт, во 2004-та година  ја добива наградата  за најдобар текст и музика за песната „Љубов или сон.“

Истата година го отвара големиот концерт на легендарните Boney M во Хрватска. 2007 година го завршува мајсторскиот клас кај еден од најголемите џез музичари во Бугарија, Милчо Левиев. Јордан денес продолжува со исполнетиот распоред со настапи и снимање аудио и видео во своето студио.

Зборувајќи за значењето на музиката во неговиот живот, прашавме што слуша приватно. Ова е неговиот „топ три“ за овој вторник:

Тhe Police – Every breath you take…. Sting е артист кој понекогаш го следам и ја почитувам неговата работа, „Every breath you take“ ја избирам во чест на неговиот прекрасен концерт, кој минатата недела го одржа во Скопје.

Nadia Ali – Is it love, Оригинална верзија која повремено ја слушам затоа што има посебно привлечна вокална интерпретација.

Јamie Woon – Sharpness, Артист кој после подолга пауза се враќа со посебен шмек и „груви“ стил

Strugaonline

Facebook Коментари