Науката докажува дека жените се подобри и подарeжливи од мажите

- Занимливо
835

Прашањето дали навистина жените по природа се подобродушни од мажите е подложно на вечна дебата. Некои сметаа дека полот не е поврзан со добрината и несебичноста, други го бранат својот пол, а трети се потпираат на науката и истражувањата.

Според најновото истражување спроведено  на  Универзитетот во Цирих жените навистина се подобри личности од мажите. Докажувајќи го ова тврдење, научниците испитуваче  56 машки и женски испитаници при што се покажало дека стриатумот (центарот за награда во мозокот што лачи голема доза допамин за правилно однесување), реагира многу посилно кај жените отколку кај мажите, кога донесуваат несебични одлуки.

Се поставува прашањето, дали ова значи дека жените се родени како подобри од мажите?  Главниот автор на истражувањето Александар Саутшек, професор доктор по економија на Универзитетот во Цирих, објаснил дека системот за награди во мозокот е силно поврзан со учењето. Некои претходни истражувања покажале дека девојчињата добиваат повеќе награди во вид на пофалби за нивната добрина за разлика од момчињата. Со други зборови, како последица од различното воспитување на момчињата и девојчињата уште од рана возраст, девојчињата очекуваат дека ќе добијат некаква награда за нивното добродушно однесување.

Facebook Коментари