Епидемија на мали сипаници во Србија – девет лица починаа

- Здравје
756

Во Србија периодов е актуелен проблемот со малите сипаници кои за одредени лица имаат и фатални последици.  Институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ потврди дека уште две лица на возраст од 30 и 43 години починале од мали сипаници со што вкупната бројка на жртви се искачи на девет. Кај последните две жртви дошло до воспаление на белите дробови.

Српските медиуми пренесуваат дека од октомври 2017 година во Србија се регистрирани 3.162 заболени од мали сипаници. Најмладиот пациент било бебе од 15 дена, а најстариот имал 70 години. Повеќето од жртвите биле невакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Епидемија на мали сипаници е прогласена во сите поголеми градови во Србија.

 

Facebook Коментари