Како да го прочистите организмот после празниците

- Здравје
324

Meсец јануари е синоним за празници, а со тоа и време кога се конзумирна калорична храна и малкумина знаат да им одолеат на обилните оброци. Доколку веќе се борите со вишок килограми или пак чувствувате дека на вашиот организам му е потребна детоксикација еве неколку корисни совети:

Oтстранете ја храната која ви буди желба

Она што останало до празниците може да ве доведе во искушение. Затоа, повикајте ги на ручек или вечера своите пријатели или блиските и погрижете се од храната да не остане ништо, за да не продолжи праксата на конзумирање многу калории.

Неколку денови останете дома

Процесот на детоксикација претставува напор за организмот,  затоа е важно да ја штедите енергијата. Долгото спиење после празничните денови е многу важно. Останувањето дома ќе ви помогне да се вратите во нормала, а од друга страна одењето на гости или средби во ресторани можат само да ви наштетат со нови искушенија за обилна храна.

Изберете каков детокс сакате

Од исклучителна важност е да направите конкретен план и да се придржувате до правилата. Големата количина на вода е задолжителна, а потоа префрлете се на овошје, зеленчук и свежи и природни сокови.  Конзумирајте органски намирници.

Користете природна козметика

Одбегнувајте млеко за тело, бидејќи е полно со токсични хемикалии. Направете или набавете природни шампони, регенератори и сапуни. Доколку имате сува кожа користете кокосово или бадемогво масло или сосема пресконете ја хидратација и само пуштете ја кожата да дише.

Правете утрински вежби

Секое утро потрудете се да направите лесни вежби кои вклучуваат истегнување и свесно дишење. На тој начин ќе примите повеќе кислород. Јогата е на пример одличен начин за да го прочистите организмот.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари