LTH Леарница вработува, ова се отворените работни позиции

Слободно работно место: Технолог на ЦНЦ обработка

Главни задачи на избраниот кандидат ќе бидат:
Одговорности и способности:
• изработка на CNC програми за обработка на алатите
на CNC машини и електроди
• соработка со производство и конструкција на
алатницата при подготовка на технолошки постапки
• подготовка на предлози за спроведување на
процесите за постојано подобрување
• почитување на прописите и политиките
• решавање на технички и проблеми со квалитетот
• доверливост, прецизност, флексибилност и самоиницијативност

Од кандидатите очекуваме:
Квалификации:
– дипломиран машински инженер
– познавање и работа со една од програмите за цртање во 3D
Услови:
Работа на локација во II смени/ 40h неделно/ 8h дневно/носење заштитна опрема.

На избраниот кандидат му нудиме:
Ве очекува стабилна работа во успешна меѓународна компанија од автомобилската индустрија каде заедно со нас ќе ја креирате иднината на глобалната (авто)мобилност.

– компетитивни месечни примања согласно искуството од областа, едукација и напредување, размена на знаења низ Групацијата
– покриени трошоци за превоз до и од работа, обезбеден топол оброк
– во случај кандидатот да доаѓа од друг град, покривање на трошоци за сместување
– исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
– бонуси за работна успешност
– исплата на новогодишен надоместок
– доброволно приватно здравствено осигурување
– иновативна поддршка

Вашите апликации можете да ги испратите до 15/02/2024 на

https://www.lthcastings.com/default.asp?mid=en&pid=employmentopportunities со избор на „EMPLOYMENT OPPORTUNITIES”  или преку брза апликација, а во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Ве очекуваме!

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

 

Слободно работно место: Инженер за квалитет на производ

Главни задачи на избраниот кандидат ќе бидат:
• Имплементација на постапки за контрола на квалитетот на производите во соработка со производство, подготовка на контролната документација, акции за подобрување на квалитетот на процесите
• Идентификува неусогласености и превзема превентивни мерки, предлага корективни мерки за отстранување на неусогласеностите во процесите, воведува нови системи за обезбедување на квалитетот.
• Врши контрола на системската документација во поглед на барањата на стандардите кои се имплементираат во компанијата
• Врши модерација на FMEA системот и решава рекламации
• Обезбедува соодветни обуки, насоки и совети со цел производниот тим да го постигне бараниот квалитет
• Обезбедува и врши подготовка на податоци,анализи и извештаи за подготовка на годишните интерни и екстерни аудити (редовни и вонредни)

Од кандидатите очекуваме:
• Диоломирани машински инженери-инженери од техничките науки / дадена предност со работно искуство како инженери за квалитет
• Одлично познавање и активна примена на англискиот јазик ( германски ќе се смета за предност)
• Способност за читање и разбирање на цртежи, упатства и спецификации
• Познавање на работа со компјутери, МSOffice (Excel, Word, PowerPoint, Outlook), способност за математичко и статистичко решавање на проблеми од областа
• Организација на време, високо ниво на иницијативност и комуникација, способност за работа со рокови.
Специфични квалификации:
• Работно искуство од областа од 1 година како инженер за квалитет во автомобилска индустрија се смета за предност.

Услови за работа:
Позицијата бара користење на заштитна опрема, работа 40h неделно/ 8h дневно, работа со рокови и комуникација со купувачи (англиски јазик задолжително познавање и говорење).
Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид административни и производни капацитети.

На избраниот кандидат му нудиме:
• Компетитивни месечни примања согласно искуството од областа, едукација и напредување, размена на знаења низ Групацијата
• Покриени трошоци за превоз до и од работа, обезбеден топол оброк
• Во случај кандидатот да доаѓа од друг град, покривање на трошоци за сместување
• Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
• Исплата на новогодишен надоместок
• Доброволно приватно здравствено осигурување
• Награди и бонуси согласно покажани резултати

Краен рок за пријава и достава на CV: 15/02/2024

Ве очекуваме!

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

Facebook Коментари