Вардарки со победа ја завршија групната фаза во ЛШ, шест победи од шест одиграни натпревари

- Спорт
815

Европскиот вицепрвак Вардар е единствената екипа што без пораз и загубен бод ја заврши групната фаза од лигата на шампионите. Вардарки со резултат 29-21(12-12) го победија Турингер и по 6-те одиграни натпревари во групата имаат максимални 12 бода. Во следната фаза од натпреварувањето ќе пренесат 8 бода, по четири од дуелите со екипите што продолжуваат натаму од групата.

ЖРК Вардар имаше предност од од 10:6, па потоа 11:7, но гостинките не се откажаа и одлично и парираа на нашата екипа.  Покажаа многу посветена и пожртвувана игра која им помогна да ја стопат предноста на Вардар и на одмор да отидат со израмнет резултат 12:12

После опуштената игра во првото полувреме, во вториот дел од натпреварот Вардарки покажаа зошто се фаворити правејќи серија од 5:0 за водство 20-14 во 39 минута, и тоа беше периодот во кој се реши и победникот.  Во 52 минута Лакрабер повторно зголеми на „плус 7″ за водство 25-18, што беше само запечатување на победата.  До крајот Вардар само ја одржуваше предноста и натпреварот заврши со резултат 29-21.

Со овој натпревар завршува групната фаза, и ќе има пауза до крајот на јануари 2018 година. Следувааат репрезентативните подготовки за оние што ќе играат на СП во декември во Германија.

Извор и фото: zrkvardar.mk

Strugaonline

Facebook Коментари