6 нови училници и 4 кабинети доби СОУ „Нико Нестор” од Струга

- Локални
1226

6 нови училници и 4 кабинети доби СОУ „Нико Нестор” од Струга. Ова е една покапитална инвестиција која се реализира преку Министерството за образование и наука, со помош на Општина Струга, а е во вредност од околу 12 милиони денари.

– Деновиве заврши доградбата на СОУ „Нико Нестор“ во Струга. Се работи за училишна зграда со основа од 250  квадрати на кат односно 500 квадрати работна површина, тоа се 6 нови училници и 4 кабинети во функција на воспитно образовниот процес  во СОУ„Нико Нестор“. Ова е една покапитална инвестиција преку министерството за образование и наука и секако Општина Струга која ја обезбеди целата потребна документација од типот на дозвола за градба и сите попратни елементи. Вкупната вредност за овој проект е околу 12 милиони денари. Тоа е еден капитален објект кој што искрено јас како директор се гордеам со тој објект, меѓутоа има многу работи кои ги направивме последниве две ипол години, од промена на подови, направена е нова фасада, тротоари, паркинг, тоалети … – изјави Никола Затуроски директор на СОУ.Нико Нестор.

Тука не застануваме бидејки следната недела излегува и еден тендер за комплетна реконструкција на третиот блок кој што исто така е во функција, целта ни е да го реконструираме комплетно со промена на pvc дограма, нови подови, нови врати и сл. – додава директорот Затуроски.

Директорот Затуроски вели дека новите училници ке бидат ставени во функција за дваесетина до месец дена, а веќе од наредната учебна година и другите три училници ке бидат ставени во функција.

Извор: Спектра ТВ

Facebook Коментари