Aнита Мицова ги спојува музиката и хуманоста – промоција на албумот „Ти сум јас“ во Струга

- Локални, Музика
1530

Овој викенд во Струга ќе се спојат квалитетната музика и хуманоста благодарение на Анита Мицова која по промоцијата во Скопје, својот прв студиски албум насловен како „Ти сум јас“ ќе го промовира и во Струга.

Промоцијата е закажана за оваа сабота со почеток во 22:00 часот во Кафе бар  „Женска Плажа.“

Сите присутни ќе имаат можност да донираат средства кои ќе бидат наменети за штитениците  од Центарот за интелектуална попреченост „Порака Нова“, а за донацијата како подарок ќе го добијат CD-то „Ти сум јас“.  Станува збор за албум кој слушајќи го,  веднаш ќе забележите со колку љубов и посветеност е работено на секоја песна. Музиката и хуманоста во сабота ќе се спојат во својата најуметничка точка. После промоцијата, сите присутни ќе уживаат во дел од песни од носачот на звук „Ти сум јас“, Анита во живо заедно со својот бенд и со Горан Папас ќе ги пренесе емоциите кои ги има во нејзиниот прв албум, а забавата ќе продолжи и со други хитови

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари