Бојан Белески од Струга ќе игра за тимот на Шпандау во Германија

- Локални, Спорт
1818

После трансферот  на левото крило Игор Илиевски во Аполда и на десниот бек Никола Мирков и пикерот Игор Михали во ХВХ Каменц,  најновиот трансфер ги прави горди сите љубители на ракометот од Струга.  Имено, струшкиот ракометар Бојан Белевски, ќе игра во Германија

Тој потпиша едногодишен договор со тимот на Шпандау, кој своевремено играше и во Втората Бундес Лига.

Белевски, освен за матичниот клуб, играше за Тиквеш, Радовиш, Борец и Охрид, додека во странство има настапувано за Слога Добој и Левски Софија.

Трансферот за Бојан Белевски е уште еден доказ дека Струга е расадник за таленти кога станува збор ракометот, тој влегува во плејадата успешни ракометари кои потекнуваат од нашиот град.

Извор: 24rakomet

Фото: Бојан Белески fb

Strugaonline

 

Facebook Коментари