Центар за јавно здравје – Охрид врши домашни посети за повозрасните граѓани

- Здравје, Локални
1387

Во овие снежни и студени зимски денови,  од Центарот за јавно здравје – Охрид  информираат дека доколку имате потреба од лабораториски микробиолошки услуги во Центар за јавно здравје Охрид, а сте на возраст над 60 години и не сте во можност да отидете  во амбулантите на Центар за јавно здравје Охрид, нивните мобилни тимови се подготвени да ве посетат во вашиот дом во Охрид за да ги обават потребните услуги и да ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа.   Сите кои имаат ваква потреба можат да се јават на телефоните 046 231-031 или 072 251-948, најдоцна до 13:00 ч. каде ќе дадат податоци за  адресата  и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши согласно издадениот упат од матичен лекар.

Извор: Центар за јавно здравје – Охрид

Strugaonline

Facebook Коментари