Црвен крст – Охрид објави конкурс на тема „Препознавање на различности“

- Локални
1025

По повод одбележување на неделата за промоција на хумани вредности,  Црвен Крст Охрид објави  конкурс за расказ и фотографија на тема „Препознавање на различности“ (се однесува на секаква различност: верска, родова, здравствена, социјална, етничка…). Насловот на расказот или фотографијата авторот ја дава сам.
На Конкурсот можат да учествуваат млади од 12-18 години. Краен рок за испраќање на расказот и/или фотографијата е 30.09.2017 година.
По завршување на конкурсот, расказите и фотографиите ќе ги прегледува трочлена стручна комисија составена од професори по македонски јазик и литература и стручен соработник, професори по ликовно образование и стручен соработник за фотографијата, која ќе ги избере најдобрите 3 раскази и фотографии.
Најдобрите 3 раскази и најдобрите 3 фотографии ќе бидат презентирани на настанот за одбележување на ПХВ неделата кој ќе се одржи на 05.10.2017 година во 20:00 часот во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, а за авторите ќе бидат обезбедени соодветни пригодни награди и благодарници. Најдобриот расказ и фотографија од конкурсот на општинско ниво, подоцна ќе бидат рангирани на национално ниво. За најдобриот расказ и најдобрата фотографија на национално ниво следува награда, викенд во х. „Солферино“ во Струга за целото семејство.
„Ги охрабруваме сите младинци да аплицираат со своите дела на следната е-маил адреса: [email protected] Во апликацијата треба да се наведени следните податоци: име, презиме, адреса на живеење, училиште, возраст. За дополнителни прашања и информации пишете на горенаведената е-маил адреса или обратете се во Црвен крст Охрид.“ – велат од Црвен крст Охрид

Извор и фото: Црвен крст –  Охрид

Strugaonline

Facebook Коментари