Денеска во Струга ќе се одржи предавање на тема „Медитација и справување со умот“

- Локални
959

Во организација на фондацијата  Art of living  Македонија, денеска во просториите на Универзитетот ФОН во Струга  ќе се одржи предавање на тема  „Медитација и справување со умот“. Предавач ќе биде реномираниот учител Свами Ваишампајан кој  освен во Струга, низа предавања ќе одржи и во поголемите градови низ Македонија.

Со оглед на тоа дека стресот е непријател на квалитетот на живеење, продуктивниот и среќен живот е проблем број еден во светски рамки, а примената на техниките за стрес менаџмент стануваат се популарни особено во професионален контекст Art of living Македонија ги поканува сите студенти на универзитетот ФОН, како и сите граѓани да присуствуваат на предавањето на кое ќе се стекнат со знаења и техники за справување со стресот.

Настанот ќе трае од 12 до 13 и 30 часот, а влезот е слободен.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари