Денеска започна вакцинирањето против сезонски грип – ова се условите за бесплатна вакцина за пензионери

- Здравје, Локални
67

Центар за јавно здравје Охрид со своите подрачни единици во Струга и Дебар, почнувајќи од денеска (5ти ноември), секој работен ден од 8:00 до 14:00ч. ќе врши вакцинирање против сезонски грип со високо квалитетна четиривалентна вакцина. Цената на потребната доза е 650 денари.
-Можност да се вакцинираат со бесплатна вакцина против сезонски грип ќе имаат лица кои ги исполнуваат критериумите на Министерството за здравство, односно да се постари од 65 години и да имаат пензија пониска од 14.480 денари или да не примаат пензија. Овие лица, потребно е, претходно преку својот матичен лекар во системот МОЈ ТЕРМИН да имаат закажано вакцинирање во епидемиолошката амбуланта на Центар за јавно здравје Охрид, за што ќе добијат соодветен упат од матичниот лекар. -информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.

Strugaonline

Facebook Коментари