Димитар Јовановски од Струга e државен првак во дуатлон и триатлон

- Локални, Спорт
888

Димитар Јовановаски од Струга е државен првак на Македонија  на вториот дуатлон и триатлон – државен натпревар  што се одржа во Скопје. Натпреварувањето беше во организација на ТМФ под покровителство на Агенцијата за млади и спорт. Освен овој голем успех, Јовановски имаше низа успешни резултати оваа сезона. Имено, тој освои прво место на триатлон-државно првенство во Преспа, шесто место освои на триатлон-Европското првенство во Романија. На триатлон балканско-европскиот куп што се одржа во Охрид, успешниот стружанец го освои осмото место, а прв беше на дуатлон државното првенство во Скопје.

Strugaonline

Facebook Коментари