Хуманитарна забава за малата Мила во Охрид – да бидеме хумани!

- Локални
782

Во среда, 25-ти април, во кафе барот Liquid во Орхид ќе се одржи хуманитарна забава со цел да се соберат финансиски средства за да и се помогне на  15-месечната Мила од Охрид, која има потреба од помош за лекување на оштетувањето (дистрофија) на мозокот. Во мај, Мила треба да се оперира во Кина, а ние треба да и помогнеме да има среќно детство.

– Хуман е човекот кој им помага на луѓето на кои им е потребна неговата љубов. Човек кој се гордее со тоа што го направил тоа за нив. Оној на кого награда за направеното му е насмевката на нивните лица. Да направиме некого среќен е голем успех и чекор понапред од другите. Оваа среда во Liquid, заедно со Клубот „Лајонс Лихнидос“ и дел од охридската естрада, организираме хуманитарна забава за малата Мила која боледува од дистрофија (оштетување на мозокот). Да се покажеме хумани оваа среда и да и помогнеме на малата Мила да зачекори кон убаво и среќно детство. Настапуваат: Камелеон, The Backdoor Band, Betty’s Boobs, No Fun и High 4. Влезот (донација) чини само 100 денари,информираат организаторите на овој хуманитарен настан.

Забавата ќе започне во 21:30 часот.

Освен на овој начин, за Мила можете да донирате и преку активираните телефонски броеви VIP 143 461 и TELEKOM 070 143 153  и следнава жиро-сметка:

Мила Димоска

Охридска Банка – АД Скопје
530500021204351

IBAN CODE: МК075280005506949

SWIFT: OHRIDMK22

 

Извор: Strugaonline

 

Facebook Коментари