ЈОГА И СТРОНГ ЗУМБА се новите активности во ФОРМА ВИТА

- Локални, Спорт
1326

Спортски  центар „Форма Вита“ Струга ја проширува својата програма на тренинзи и промоции!

За прв пат  „Форма Вита“  започнува  со воведување на ЈОГА часови! ЈОГА вежбите ќе бидат водени и прзентирани од стручни лица како дел од соработката на Спортски Центар Форма Вита со Јога Друштво од Струга!  Часовите по јога ќе се одржуваат секој понеделник од  20-21 часот !

Како делуваат јога вежбите на вашето тело и здравје?

  • Ги подобруваат функциите на нашиот мозок
  • Го подобруваат вашиот сон
  • Го намалува стресот
  • Го намалува заморот и неговите негативни ефекти

 

СТРОНГ ЗУМБА ТРЕНИНГ e уште еден новитет во „Форма Вита“

Одлична можност да пробате нешто ново во вашата цел за намалување на килограмите!

СТРОНГ ЗУМБА кардио тренинг кој ги опфаќа мускулите на целото тело. Секое движење е поттикнато со ритам од музика. Тренингот ви овозможува брзо согорување на масти, создавање на правилен облик на стомачните и другите мускули. Тотална трансформација на вашето тело и здравје!

Strugaonline

Facebook Коментари