Пионерите на КЛ7 Струга на домашен терен ја совладаа екипата на РК Еурофарм Работник и останаа непоразени во Пионерската лига (Група 4). По десет одиграни кола, КЛ7 Струга го заврши натпреварувањето без пораз и остануваа на првата позиција со максимален учинок, десет победи.
Нашите момци ја имаа контролата во текот на целиот натпревар, први го отворивме резултатот преку голот на Емилијан Ѓорговски, за во 15-та минута и да го имаме најголемото водство во првото полувреме од 9:5, и да се отиде на пауза со 11:7.
Во вториот дел КЛ7 Струга продолжи во ист ритам и во 30 минута да ги имаме највисоките 17:10, потоа следеше мало отпуштање кај нашите момци и неколку брзи погодоци во финишот на гостинската екипа за резултатот да дојде до 21:20. Но Ѓорговски со својот осми погодок ги постави конечните 22:20
Со пласманот на првото место КЛ7 Струга ќе игра на завршницата на Final 4 од 21 до 22 Април.
КЛ7 Струга 22: 20 РК Еурофарм Работник
КЛ7 Струга: Исмаилоски, Дурацоски, Џигероски 1, Негриески, Чакар, Христоски 2, Шулески 4, Симоноски, Новаковиќ 2, Затуроски 3, Бочески 1, Тутенкоски, Ѓоргоски 8, Стрезоски 1, Пинтоски, Мемед
Седмерци: 3/5 Исклучувања: 6 мин
Извор и фото: kl7.mk
Facebook Коментари