ТОП Вести

КЛ7 Струга со убедлива победа против РК Енхалон

- Локални, Спорт
1303

Се ближи крајот на првиот дел од кадетската лига на РФМ, а КЛ7 Струга продолжува со истото темпо, овој пат младите момци остварија висока победа против екипата на РК Енхалон со резултат 17:45

Натпревар во кој своја шанса од првата минута добија „пионерите“, и одлично ја искористија истата. Веќе по првите 30 минути игра, успеаа да направат недостижен резултат 3:23. Домашната екипа повеќе од 20 минути не успеа да постигне погодок, за во 39. минута ракометарите на КЛ7-Струга да дојдат до највисоки 27 голови разлика (3:30), разлика која беше одржувана до крајот на натпреварот.

Во отсуство на Дејан Џигероски и Христијан Симоноски, најдобри стрелци на натпреварот беа Стојков со осум погодоци и Затуроски со седум погодоци.

РК Енхалон – КЛ7 Струга 17:45

КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Џигероски, Негриески 1, Шулески 4, Христоски 3, Симоноски, Бочески 5, Конев 2, Ѓорговски 6, Стојков 8, Стрезоски 2, Затуроски 7, Ѓоргиевски 5, Чакар 1, Тутенкоски 1.

Седмерци: 2/2 Исклучувања: 6 минути

Извор и фото : kl7.mk

Facebook Коментари

error: