Кристијан Гагалески од таеквондо клубот ,,Сонкал“ -Мислешево е првак на државно ниво во категорија деца од 8 до 10 години

- Локални, Спорт
1546

Во конкуренција од 78 натпреварувачи и таеквондо клубови од Охрид, Скопје, Лескоец и Косел, таеквондо клубот Сонкал од Мислешево освои трето место во групна категорија на Второто државно првенство во традиционално таеквондо што се одржа во Охрид,  организирано од страна на охридскиот таеквондо клуб „МАСТЕР“ и Македонската Традиционална Таеквондо Федерација.

Освен одлчиниот групен пласман, таеквондо клубот ,,Сонкал“ има и првак во Македонија во категорија деца од 8-до 10 години, а тоа е Кристијан Гагалески. Кристијан освои први места во категориите форми и борби и така дојде до заслужениот пехар.

Кристијан има 8 години, член е на таеквондо клубот ,,Сонкал“ од неговото основање, без ниту еден пропуштен тренинг.

Досега има освоено пет медали и еден пехар за најдобар во неговата категорија.

,,На ова првенство настапив со претходно вложен огромен труд, постојано вежбање и голема желба за освојување на пехарот што е всушност круна за секој натпреварувач. Потајно верував дека јас ќе го добијам и ми се оствари таа голема желба.“-изјави за Strugaonline младиот Кристијан Гагалески.

Тој додаде дека негова цел е еден ден да ги брани боите на Македонија, а не само боите на својот клуб.

-Моите тренерите Давид и Марио Крстески кои што се репрезентативци на Македонија и имаат освојувано европски медали се примерот кој што сакам да го следам во иднина.“-потенцираше Гагалески.

Strugaonline

Facebook Коментари