Кузмановски и Момировски ќе возат велосипед цели 110 километри, крајната дестинација е Струга  

- Локални, Спорт
713

По повод 8ми септември, Денот на независноста, Сојуз на спортови на Скопје ја организира 8та историска велосипедска тура. Таа ќе започне на 1. септември 2019 во 09.00 часот кога Ѓорги Кузмановски и Дејан Момировски – Денда ќе тргнат од Маврови Анови преку Дебар до Струга.

Патеката на Кузмановски и Момировски е долга 110 километри и се планира тие да се во Дебар во 10.30 часот, а да пристигнат во Струга во периодот од 13.30 до 14.00 часот. Учесници во турата се долгогодишниот тренер, велосипедист и спортски работник проф. Ѓорги Кузмановски кој е на 78 годишна возраст и велосипедист и тренер Дејан Момировски – Денда кој има 52 години.

Ѓорги и Дејан покажуваат истрајност и пожртвуваност со цел да го прослават Денот на независноста во духот на спортските активности и да ги мотивираат граѓаните да бидат активни, посебно спортски, во секоја доба од животот.

Strugaonline

Facebook Коментари