Лабуништа е лидер на табелата во Втората македонска фудбалска лига-запад

- Локални, Спорт
881

Екипата на Лабуништа се искачи на врвот  на табелата во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Црно белите“ успеаа да ја освојат лидерската позиција откако со  (2-0) славеа над  Скопје на Градскиот стадион во Струга. Головите за победа ги постигнаа Шерифи и Спиркоски во првиот дел од натпреварот. Тимот на Лабуништа имаше организирана и сигурна игра која несомнено донесе огромен успех и заслужено прво место.

Во следните две рунди од Втората лига, Лабуништа својата лидерска позиција ќе ја брани во натпреварите со Генч Калемлер односно Гоблен Јуниор.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари