LDA-Струга нуди практични обуки за лидери и менаџери – еве како да се пријавите

- Локални
1044

Проекти, менаџирање, решавање проблеми, комуникациски вештини, активизам. Сите зборуваат за тоа. На сите поплатени работни места се бараат овие вештини. Доколку ви е потребна едукација во овие области, треба да се обратите во Локалната агенција за развој-Струга.

„Ви нудиме ретка можност да научите преку пракса како да пишувате и менаџирате проекти. Заеднички ќе идентификуваме некој предизвик со кој се соочуваат младите, ќе најдеме решение, ќе го преточиме во проект и ќе го реализираме. Само 25 млади (на возраст од 16 до 25 години) од Охрид, Струга и Вевчани ќе ја добијат оваа можност. Пријавување до 18 ноември 2018 на следниов ЛИНК“ информираат од Локалната агенција.

Активноста се организира во рамки на проектот “ПОДОБРИ СЕ – ЗАЈАКНИЈА ТВОЈАТА ЗАЕДНИЦА” поддржан од Проектот наУСАИД за граѓанско учество, кој се спроведува од страна на здружението Локална агенција за развој – Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари