Македонска книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт – Германија

- Локални
742

Македонските писатели Петко Шипинкаровски и Мирјана Стојановска од 10 до 14 октомври 2018 година ќе учествуваат на Саемот на Книгата во Франкфурт – Германија.

На Шипинкаровски и Стојановска во Франкфурт ќе им се придружи и македонската поетеса Костадинка Коца Ѓорѓевска што живее и работи во Менхенгладбах, Германија.

За време на одржувањето на саемот, на 12. 10. 2018 година (петок), ќе биде одражана промоција на романот „Утринска молитва“ на Петко Шипинкаровски што деновиве е објавен на српски јазик од страна на Книжевното друштво „Косово и Метохија“ од Косовска Митровица, потоа „поетската збирка „Беглаци од својот дом“ на Мирна Стојановска, а ќе биде направен и портрет на Костадинка Коца Ѓорѓевска.

За време промоциите, ќе биде претставен и новиот број (17), на книжевносто списание „Бранувања“ на „БРАН“ од Струга што деновиве излезе од печат.

Македонските писатели Шипинкаровски, Стојановска и Ѓорѓевска, на годинашниот Саем на книгата што се одржува во Франкфурт, Германија, учествуваат на покана на Друштвото на писателите „Седумка“ од Франкфурт на Мајна, кое има воспоставено плодна соработка со Здружението „Бран“ од Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари