Марин Билјаноски е избран за селектор на џудо репрезентацијата на Македонија за помлади пионери

- Локални, Спорт
740
Стружанецот Марин Билјаноски е избран за селектор на џудо репрезентацијата на Македонија за Помлади Пионери.
-По претходно распишаниот конкурс од страна на Џудо федерација на Македонија со предлог на спортскиот директор и конечна одлука на Извршниот одбор на ЏФМ сум избран за селектор на џудо репрезентацијата за Помлади Пионери.
Сакам да изразам голема благодарност до претседателот на ЏФМ г-дин Владимир Трпаноски, спортскиот директор Ѓорѓија Стојанов и извршниот одбор на ЏФМ, за укажаната доверба. Ќе се трудам и ќе дадам максимум од себе за да го подигнам нивото на репрезентацијата.-изјави Билјаноски

Facebook Коментари