Мишо Китаноски – песни за немирот на душата

- Локални
473

Неодамна во издание на најстарото македонско списание за литература, култура и уметност „Современост“ од Скопје, излезе новата збирка песни со наслов „Јас, отидов“ од вевчанскиот поет Мишо Китаноски. Тој во поговорот на книгата истакнува дека песните што се застапени во овој негов поетски збор на децениите, се објавени најмногу во списанието „Современост“, што го уредувале бројни водечки македонски писатели и критичари. Изданието е посветено уште и на неговата ќерка Сандра… Поетот Мишо Китаноски е познат уште и како активист за култура и е втемелувач на два фестивали: Културно-научната манифестација „Печалбарски денови“ и „Вевчанскио културно лето“, кои се одржувале и се одржуваат во Вевчани. Сега тој е уредник на списанијата „Современост“ и „Бранувања“ од Струга.

Сакам во оваа прилика да се заблагодарам на подршката од СЗПМ, што без тоа мојот избор на песни немаше да биде објавен. Со ова сакам да истакнам дека ваквата креативна подршка што на македонските писатели – пензионери им ја дава раководството на СЗПМ е за секаква пофалба и истакнување. Но, тоа во исто време значи и подршка на македонскиот јазик, литература и култура од една и, понатамошното афирмирање на македонската литература и нејзините творци, од друга страна. Едноставно, сите што твориме сме повикани во овие немирни времиња, да го подигнеме својот глас, но и да подвлечеме дека не сме заборавени од својата организација – СЗПМ.

Поетот Мишо Китаноски целиот свој работен век го помина како новинар во печатени медиуми, уредник и како главен и одговорен уредник на повеќе весници, ревии и списанија. Во исто време тој не само што ја збогати македонската литература за деца и возрасни, туку и македонската публицистика, објавувајќи меѓу другото книгите „Пиринска историска вистина“, потоа „Децата бегалци од Егејска Македонија во Југославија“, како и „Летописи за македонските села“ и најновата книга „Евреите во Штип –од доселувањето до холокаустот“, која наскоро ќе биде промовирана и др. Неговите песни се преведени и објавени на десетина странски јазици, а е застапен и во антологии, прирачници и др.

Живее и твори на релација Скопје-Вевчани и, обратно.

Фото и текст: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Facebook Коментари